Крит повторно е потресен од трагедија – едно 20-месечно девојче синоќа почина во болницата „Венизелио“ во Ираклион, откако се задавило со парче сувлаки за време на семејна вечера.
Според грчкиот медиум „Прототема“, девојчето ненадејно проголтало парче месо и веднаш се задавило. Родителите панично го пренеле во болница, каде што докторите успеале да извлечат дел од храната од дишните патишта и веднаш започнале со кардиопулмонална реанимација. Но, и покрај над еден час напори, малото дете не можело да се спаси.
Ова е втора детска трагедија на Крит во рок од неколку дена. Оваа недела, 7-годишно француско момче почина откако беше извлечено од водите кај плажата Маде.
Локалните власти апелираат до родителите да бидат исклучително внимателни, особено кога децата јадат или се наоѓаат во близина на вода. Секунда невнимание може да биде фатална.