УТРО.мк

Крвав судир на границата: Тајланд и Камбоџа во нов вооружен конфликт – меѓу загинатите и дете

Крвав судир на границата: Тајланд и Камбоџа во нов вооружен конфликт – меѓу загинатите и дете
Vero

Тајландската и камбоџанската армија повторно влегоа во жесток вооружен судир поради долгогодишниот граничен спор, притоа користејќи тешко вооружување, артилерија и ракети, соопшти во петокот тајландската војска. Според информациите, најмалку девет цивили загинале, меѓу кои и осумгодишно дете, а најмалку 14 лица се повредени.

Судирите започнале во четвртокот и продолжиле и денеска, долж границата на двете земји. Камбоџанските сили, според Тајланд, користеле тешка артилерија и ракетни системи од типот БМ-21, додека Тајланд возвратил со „поддржувачка оган“ според тактичките околности.

Во текот на четвртокот, Тајланд извел и воздушни напади со борбени авиони F-16 врз воени цели во Камбоџа, откако камбоџанската страна започнала интензивен напад со артилерија и ракети, што резултирало со жртви меѓу цивилите на тајландска територија.

Конфликтот се води околу граничната област позната како Мом Беи, каде што се среќаваат границите на Тајланд, Камбоџа и Лаос, а каде се наоѓаат неколку древни храмови. Оваа територија е предмет на спор веќе со децении, а последен пат до сериозни судири дошло пред повеќе од 15 години, како и во мај годинава кога камбоџански војник беше убиен.

Новоизбиениот конфликт претставува сериозна ескалација и заканува да ја дестабилизира ситуацијата во поширокиот регион на Индокина. Засега нема информации за меѓународно посредување или дипломатски напори за смирување на тензиите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран