УТРО.мк

Трамп вети намалување на цените на лековите до 1500%

Трамп вети намалување на цените на лековите до 1500%
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп најави драстично намалување на цените на лековите за граѓаните на САД. На прием со членови на Конгресот, Трамп изјави дека „ќе ги намалиме цените на лековите за 1000 проценти, 1100, 1200, 1300, 1500 проценти, 700, 600… Не за 30, 40 или 50 проценти, туку за бројки какви што не сте ни можеле да замислите“.

Изјавата предизвика бројни реакции и подбив на социјалните мрежи. Корисниците побараа коментар од Grok, вештачка интелигенција на платформата X, која одговори дека тврдењата на Трамп се „математички невозможни“, „претерувања“, а во некои одговори дури и ги нарече „тотални глупости“.

Еден корисник објасни: „Ако намалите цена за 1000%, вие всушност му плаќате на купувачот да го земе производот. На пример, лек што чини 1 долар со попуст од 1000% значи дека ќе му дадете 9 долари на купувачот. Тоа баш и не е одржлива продажна стратегија.“

Трамп веќе подолго време ветува пониски цени на лекови. Тој тврди дека извршната наредба што ја потпиша во мај би можела да доведе до намалување на цените преку воведување на принципот на „најповластена нација“ — правило според кое фармацевтските компании не би смееле да наплатуваат повеќе на Американците отколку на граѓаните на други држави.

Ова правило беше финализирано на крајот од 2020 година, но беше блокирано од федералните судови, а по доаѓањето на функцијата, Џо Бајден го укина во 2021 година. Преговорите меѓу администрацијата на Трамп и фармацевтските компании сè уште траат, и според извор за Bio Pharma Dive, нема конечен договор.

Трамп и во својот прв мандат, особено по почетокот на пандемијата со ковид-19, најавуваше борба против високите цени на лековите, но не успеа да спроведе значајни намалувања. Некои републиканци тогаш го нарекоа неговиот план „социјалистичка контрола на цените“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран