УТРО.мк

Српски турист пронајден починат на пешачка патека кај хотел „Инекс“ во Охрид

Српски турист пронајден починат на пешачка патека кај хотел „Инекс“ во Охрид
Vero

Српски државјанин на возраст од 56 години е пронајден починат на пешачка патека во близина на хотел „Инекс“ на охридското крајбрежје, информира СВР Охрид.

Според полицијата, случајот бил пријавен на 20 јули 2025 година во 19:41 часот. По пристигнувањето на терен и преземените мерки, било утврдено дека станува збор за М.Џ. од Пожаревац, Република Србија.

Лекар од Итната медицинска помош извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полицијата информира дека се работи на расчистување на случајот и сите релевантни информации се доставени до надлежните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран