УТРО.мк

Да зачекори Стефанија – Да подариме детство без болка

Да зачекори Стефанија – Да подариме детство без болка
Vero

Апел од срцето на родителите: Да ѝ помогнеме на Стефанија да зачекори

Стефанија има само 15 години, но нејзиниот живот е исполнет со секојдневна борба – борба за чекор, за рамнотежа, за малку слобода и детска безгрижност. Родена со тешка дијагноза, нејзините нозе и половината се слаби, а секое движење ѝ е болна и тешка задача.

„Стефанија се роди со тешка дијагноза. Од првиот нејзин здив, таа не знае што значи лесно движење… Секој чекор ѝ е мака“, велат нејзините родители.

Таа досега има поминато неколку операции, но сега пред неа се отвора нова шанса – специјализиран третман во болницата „Неуромедик“ во Ниш, кој би можел значително да ѝ го подобри движењето и квалитетот на животот.

„Живееме скромно. Јас сум инвалид. Сопругата и јас правиме сè што можеме, но тоа сè почесто не е доволно“, пишува нејзиниот татко во апелот. „Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе… Ве молиме, помогнете ни.“

Секој кој може да помогне, со донација или со споделување на приказната, станува дел од борбата за едно подобро утре за Стефанија.

Секоја донација е глас на надеж. Секоја споделена приказна – чекор кон нејзиниот прв вистински чекор.

<a href="https://www.pavelandreev.org/mk/campaign/da-zachekori-stefanija-da-podarime-detstvo-bez-bolka?fbclid=IwY2xjawLrAIZleHRuA2FlbQIxMQABHhnODIfk1WPGr1nmF2PhPXAebXxIxsttO1IAPscYbZsdpvbj59ab3g-A4zcB_aem_laxb4YrvD75gUZAdmm4j5A">ДОНИРАЈ ТУКА</a>

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран