УТРО.мк

ВЛЕН до Ахмети: Народот веќе не се плаши од вас – нашата победа е јасна

ВЛЕН до Ахмети: Народот веќе не се плаши од вас – нашата победа е јасна
Vero

Владејачката коалиција ВЛЕН остро реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој се прогласи за победник на локалните избори. Од ВЛЕН велат дека ваквото тврдење е апсурдно и во спротивност со реалните резултати.

„Победата на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, е далеку поголема од победата на ДУИ во Пласница и Липково“, соопштија од коалицијата.

Од ВЛЕН порачаа дека Ахмети и натаму ги гледа локалните избори низ призмата на министерските фотелји, а не преку волјата на народот. „Мислевме дека Ахмети конечно ги разбрал резултатите од ‘референдумот’, но очигледно и понатаму живее во минатото. За него, политиката секогаш се темелела на еден принцип – власт и само власт“, стои во нивната реакција.

Коалицијата му порача на Ахмети дека пред да бара предвремени парламентарни избори, треба да се запраша дали може да се соочи со „слободниот глас на Албанците“, кои, како што велат, веќе не се плашат од него.

Претходно, Централното претседателство на ДУИ едногласно побара предвремени парламентарни избори, наведувајќи дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ победила на локалните избори и на претходните два изборни циклуса.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран