УТРО.мк

Полчасовно чекање на „Табановце“ и „Богородица“, сообраќајот низ државата се одвива непречено

Полчасовно чекање на „Табановце“ и „Богородица“, сообраќајот низ државата се одвива непречено
Vero

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се бележи чекање од околу 30 минути за влез и излез од државата, додека на останатите гранични премини сообраќајот се одвива без подолги задржувања, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, без поголеми пречки. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен.

Од АМСМ апелираат до возачите на зголемено внимание, прилагодување на брзината според условите на патот и строго почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за одрони. Како критични се наведуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран