Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега 22 лица – државјани на Македонија и членови на нивните потесни семејства – побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток.
Во соработка со Амбасадата во Тел Авив, веќе се преземаат активности за нивна итна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што ќе биде организиран повратокот во земјата.
Дипломатско-конзуларното претставништво е во постојан контакт со граѓаните, а во рамките на Министерството е активиран кризен штаб кој 24 часа дневно ги следи настаните и обезбедува логистичка и конзуларна поддршка.
Министерството уште еднаш апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во Израел и Иран да стапат во итен контакт со надлежните институции доколку им е потребна помош, и воедно ги повикува граѓаните да се воздржат од патувања кон регионот сè до стабилизирање на ситуацијата.
Контакт информации за итна помош:
Амбасада на РСМ во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]