Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, поради зголемен обем на барања, ќе го продолжи работното време на шалтерот за издавање „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години).
Шалтерот кој се наоѓа во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, ќе работи секој ден од 08:00 до 18:00 часот.
„Оваа мерка се воведува за да им се излезе во пресрет на родителите и да се овозможи навремено издавање на потребните документи“, информираат од МВР.