Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Граѓаните можат да се обратат до Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на следните телефонски броеви: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса: [email protected]. Дополнително, асистенција може да се добие и преку Министерството на броевите: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на мејлот: [email protected].
Од МНР информираат дека поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, е формиран кризен штаб кој постојано ја следи ситуацијата и е на располагање 24 часа на ден за потребите на македонските граѓани.
Министерството уште еднаш апелираше до граѓаните да се воздржат од патувања во Израел, Иран и другите земји од регионот додека трае кризната состојба.