Американскиот претседател Доналд Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, објави агенцијата „Асошиејтед прес“.
Според информациите, израелските власти ја информирале администрацијата на Трамп за планот, но Белата куќа остро се спротивставила, оценувајќи дека таков потег би можел да предизвика масовна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Вашингтон сметал дека евентуално убиство на Хамнеи би можело да го дестабилизира целиот регион и да доведе до поширока војна.
Изворите за „АП“ велат дека Трамп и неговиот тим јасно им дале до знаење на израелските претставници дека не поддржуваат ниедна воена операција која би ја вклучила ликвидацијата на иранскиот лидер или напад врз нуклеарните капацитети на Техеран.
На новинарско прашање за оваа информација, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби директно да коментира. „Но, можам да ви кажам, мислам дека правиме она што треба да го правиме, ќе го направиме она што треба да го направиме. И мислам дека Соединетите Американски Држави знаат што е добро за Америка“, изјави Нетанјаху за американските медиуми.