Станбена зграда во северниот израелски град Хаифа беше директно погодена во нов бран од иранските ракетни напади, потврди израелската организација за спасување ЗАКА.
„Директен погодок врз зграда во Хаифа. Тимовите од северниот дистрикт на ЗАКА се веќе на пат кон местото на настанот“, се наведува во нивното соопштение.
Израелската полиција претходно објави дека ракета погодила населено место во крајбрежниот дел на градот, додека итната служба МАГЕН ДАВИД АДОМ извести дека две лица се хоспитализирани со повреди од шрапнели.
Граѓаните се повикани да не се приближуваат до местото на ударот и строго да ги следат упатствата од безбедносните и спасувачките служби што се присутни на терен.