УТРО.мк

Израел го освои небото: Иран „слеп“ пред моќта на израелската авијација

Израел го освои небото: Иран „слеп“ пред моќта на израелската авијација
Vero

Израелската авијација ја демонстрира својата доминација во тековниот конфликт со Иран, откако за помалку од 48 часа воспостави целосна воздушна надмоќ над стратешки делови од иранската територија. Според изјавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Израел сега има „слободен автопат до Техеран“.

Израелските воздушни сили изведоа прецизни удари врз радарските и ПВО-системите на Иран, целосно неутрализирајќи ги нивните капацитети за рано предупредување и воздушна одбрана. Со тоа, Техеран остана практично „слеп“ за надолезните воздушни закани – сценарио кое, според воените аналитичари, е најопасно за секоја земја во модерно време.

Дополнително, иранското воено воздухопловство е во целосен застој. Флотата се состои од застарени авиони од Студената војна – F-4 Phantom, F-14 Tomcat и неколку советски модели како Su-24 и Mig-29 – кои немаат никаква шанса против модерната израелска флота составена од F-15, F-16 и невидливи F-35.

Во ера на високотехнолошко војување, Израел ја покажува супериорноста во воздух, оставајќи го Иран без одбрана и без сериозен капацитет за противудар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран