Хеликоптер се урна во морето кај пристаништето Вулијагмени, во близина на Атина, нешто по пладне денеска, потврдуваат грчките власти. Според информациите од Националниот центар за итна помош, сите пет патници биле спасени, а четворица се здобиле со полесни повреди и се префрлени во болница.
Несреќата се случила кратко по полетувањето, кога пилотот забележал технички дефект. Свесен за сериозноста на ситуацијата и ниската надморска височина на леталото, тој ги повикал патниците веднаш да го напуштат хеликоптерот. Сите четворица успеале безбедно да скокнат, додека пилотот останал во леталото обидувајќи се да го стабилизира, но безуспешно.
Хеликоптерот потоа се урнал во морето, а на местото веднаш реагирале бродови на крајбрежната стража и екипи за итни случаи. Властите започнаа истрага за причините за несреќата.