УТРО.мк

Подгответе се за екстремни температури: Македонија ја очекуваат температури и над 40 степени – еве кога и каде

Подгответе се за екстремни температури: Македонија ја очекуваат температури и над 40 степени – еве кога и каде
Vero

Најновите излези на прогностичките материјали нагло и значително се променија. Истите веќе цртаа екстремно топол бран во нашата Република Македонија во периодот од (понеделник 21 јули) до (петок 25 јули). Сушниот период ќе продолжи, а со ова повторно расте опасноста од нова појава на шумски пожари кај нас.

Во погоре споменатиот период во нашата Македонија температурите речиси насекаде ќе се искачуваат, а на повеќе места ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе биде екстремно топло со температури кои ќе надминуваат 40 степени.

Сепак, се работи за по краткотраен екстремно топол бран. Да не заборавиме, минатото лето 2024 година беше многу потопло за разлика од сега, со многу по долготрајни топлотни бранови кои буквално започнаа од мај и завршија дури крајот на август и во почетокот на септември месец.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран