УТРО.мк

Протест на „Флораком“ – вработените во фирмата ќерка на „Паркови и зеленило“ бараат исплата на платата за јуни

Протест на „Флораком“ – вработените во фирмата ќерка на „Паркови и зеленило“ бараат исплата на платата за јуни
Vero

Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, рече дека денешниот протест е радикализација на минатонеделниот, кој бил одржан пред влезот на претпријатието, а дека на овој чекор се одлучиле поради нередовна исплата на плати на вработените во „Флокаром“ – проблем со кој, како што рече, вработените во оваа фирма се соочуваат подолг временски период
Неисплатената плата за јуни е причината поради која вработените во „Флораком“ – фирма ќерка на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – денеска излегоа на протест пред влезот на претпријатието блокирајќи крстосница на булеварот „Илинден“ во Скопје. Најавија дека повторно ќе протестираат ако платата за јуни не им се исплати до 22 овој месец.

Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски, рече дека денешниот протест е радикализација на минатонеделниот, кој бил одржан пред влезот на претпријатието, а дека на овој чекор се одлучиле поради нередовна исплата на плати на вработените во „Флокаром“ – проблем со кој, како што рече, вработените во оваа фирма се соочуваат подолг временски период.

Прочитај го целиот текст на 360степени.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран