УТРО.мк

Одлични вести за пензионерите во Македонија: Ново покачување на пензиите

Одлични вести за пензионерите во Македонија: Ново покачување на пензиите
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска на прес-конференција на која беше презентиран годишниот отчет за сработеното, потврди дека ќе се испочитува законската обврска за редовно, полугодишно зголемување на пензиите. Ова зголемување следува и покрај тоа што во изминатиот период пензионерите веќе добија линеарно покачување од 5.000 денари.

„Го вративме на сила, и така беше предвидено, старото законско решение. Ќе продолжиме со истото и тука ќе имаме покачување. Чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината“, изјави Димитриеска Кочоска.

Министерката нагласи дека зголемувањето ќе се врши според старата законска формула – процентуално, а не линеарно.

„Ако има промена, а до сега немам такви најави од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, тогаш би се променила формулата и би била линеарна“, додаде таа.

Дополнително, министерката информираше дека со предложениот ребаланс на буџетот, кој е веќе доставен до Собранието, се предвидува трансфер од уште една милијарда денари кон Пензискиот фонд.

„Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на Пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив“, појасни Димитриеска Кочоска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран