Студентски протест „Се гледаме на Видовден“ го блокира центарот на Белград
Во 18 часот, на белградскиот плоштад Славија започна големиот студентски протест под мотото „Се гледаме на Видовден“. Илјадници граѓани и студенти се слеаја од сите правци кон центарот на српската престолнина, при што плоштадот беше блокиран неколку часа пред официјалниот почеток.
Паралелно со протестот, владејачката Српска напредна партија (СНС) организираше контрамитинг, додека пред зградата на српското Собрание, во т.н. „Чациленд“, се одржува „книжевна вечер“.
Студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во својата порака, три часа пред протестот, беа остри: „Ни останаа само три зборови. П…а им материна.“
#Repost@serbialive_beograd“Grupu gradjana iz Obrenovca ćaci su gadjali staklenim flašama.”pic.twitter.com/AT0qRCiWGU— Željko Kisa (@ZeljkoKisa)June 28, 2025
Порталот Nova.rs извести дека на Славија и понатаму пристигнуваат граѓани, а преполна е и Автокоманда. Група од Обреновац, која се упатувала кон протестот, била нападната кај Белградскиот саем, а и млада девојка била физички нападната на Славија. Напаѓачот бил приведен, а нападот бил спречен од граѓаните.
Меѓу присутните на контрамитингот пред Парламентот била и поранешната државна секретарка во МВР, Дијана Хркаловиќ, осудена на 16 месеци затвор за злоупотреба на службена положба.
Поддршка на студентскиот протест пристигнува од цела Србија. Претседателот Александар Вучиќ, пак, изјави дека протестот ќе премине во насилство: „Очекуваме почеток на насилство помеѓу 20:45 и 21:45. Се подготвуваме.“
Kreće ozbiljnije okupljanje sa svih strana. Duž Beogradske od Pravnog ka Slaviji.pic.twitter.com/F9ou69XBeE— Vladimir(@samuraj016)June 28, 2025
Во текот на денот беа забележани колони возила на автопатиштата кон Белград, а вчера беше запрен патничкиот железнички сообраќај поради дојава за поставени експлозивни направи.
Главниот град на Србија од попладневните часови беше под силна блокада, со присуство на бројни полициски службеници во цивил.
16.39h na Trgu republike više hiljada pretežno ekipe iz#NoviSadpic.twitter.com/lspXGkJuxp— zarko bogosavljevic (@zarkobns)June 28, 2025