УТРО.мк

Се појави нова снимка од инцидентот во Мостар: Пијан турист скокна од стариот мост [ВИДЕО]

Се појави нова снимка од инцидентот во Мостар: Пијан турист скокна од стариот мост [ВИДЕО]
Vero

Во Мостар се случи инцидент кој можеше да заврши трагично, кога странски турист, подоцна идентификуван како Швајцарецот Лука Бонт, скокна од Стариот мост во реката Неретва во алкохолизирана состојба, притоа целосно игнорирајќи ги предупредувањата од локалното население.

Видео снимка што брзо се прошири на социјалните мрежи го прикажува моментот кога Бонт самоволно и без заштита ја преминува оградата и скока во студената река. Присутните граѓани се обиделе да го спречат, свесни за сериозноста и ризикот од ваков потег.

По излегувањето од водата, туристот бил физички нападнат од група вознемирени жители кои реагирале на неговата неодговорност, особено затоа што, според сведоци, со скокот го загрозил животот на деца кои тогаш се наоѓале во чамец под мостот.

Скокањето од Стариот мост е вековна традиција во Мостар и претставува симбол на храброст и дисциплина, но бара сериозна подготовка, обучени учесници и координација со локалните скокачи. Професионалци со години предупредуваат дека ваквите самостојни и аматерски скокови можат да доведат до тешки повреди или смртен исход.

Локалната заедница го осуди потегот како непочитување на традицијата и потенцијална опасност за другите. Надлежните институции сè уште не излегоа со официјално соопштение, додека трае утврдувањето на сите околности поврзани со случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран