УТРО.мк

Ја направија најскапата свадба во историјата, но погледнете како изгледаше вечерата – ова никој не го очекуваше

Ја направија најскапата свадба во историјата, но погледнете како изгледаше вечерата – ова никој не го очекуваше
Vero

Милијардерот Џеф Безос и неговата избраничка Лорен Санчез ја започнаа својата тридневна свадбена прослава во Венеција со гала-забава за добредојде, одржана во познатата црква „Мадона дел Орто“ – едно од најзначајните историски обележја на градот.

Иако се очекуваше дека најбогатиот човек на светот ќе ги почести гостите со луксузна и скапа кујна, многумина беа изненадени од изборот на главното јадење – пица. Наместо скапоцени специјалитети, Безос и Санчез решија да ѝ оддадат почит на италијанската гастрономска традиција, нудејќи автентично италијанско јадење во срцето на Венеција.

Во импозантниот црковен простор беа внесени бројни плехови со свежо тесто, огромна топка моцарела, изобилство маслиново масло и ситен домат, пренесе магазинот Hello!.

Меѓу присутните се најдоа некои од најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, што го направи овој едноставен, но стилски промислен гест особено впечатлив.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран