Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска од платото пред Народното собрание во Белград упати повик до српскиот претседател Александар Вучиќ да стави крај на, како што ја нарече, „Шарената револуција“.
„Би му пратил порака на Вучиќ – ако не денес, тогаш за неколку дена – дека граѓаните очекуваат да стави крај на ова. Сите се уморни, на сите им е доста. Никој веќе не се плаши, сето ова што се случува ја губи смислата“, изјави Вучевиќ пред новинарите, во момент додека пред Парламентот се одржуваше книжевна вечер организирана од студенти по повод Видовден.
Тој додаде дека, според него, е време животот да се врати во нормала, граѓаните да ги запишуваат своите деца во училишта, а матурантите да се насочат кон универзитетите.