УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска: Нема понуди за пругата на Коридор 10, рокот продолжен до 7 јули

Димитриеска-Кочоска: Нема понуди за пругата на Коридор 10, рокот продолжен до 7 јули
Vero

Иако интересот е голем, досега не е пристигната ниту една официјална понуда за финансирање на изградбата на брзата пруга долж Коридорот 10, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција во Владата.

Како што истакна министерката, проектот е исклучително комплексен, поради што на заинтересираните финансиски институции им е потребно дополнително време за анализа и појаснување на условите.

„Рокот за доставување понуди е продолжен до 7 јули, токму за да им се овозможи доволно време на банките да добијат сите неопходни појаснувања. Испратено е барање до 22 финансиски институции, а дополнително уште две банки самостојно изразија интерес и до нив испративме покана. Целта ни е да добиеме што поповолни услови и пониска цена за реализација на проектот“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерството за финансии е во постојана комуникација со 24 банки од кои се очекуваат конкретни понуди за еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјата – железничкото поврзување преку Коридорот 10.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран