Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, остро одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, повикувајќи го да го смени тонот кон иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.
Аракчи преку својот профил на платформата X нагласи дека иранскиот народ ја цени својата независност и нема да дозволи некој друг да одлучува за неговата судбина. Тој истакна дека доколку Трамп искрено сака постигнување договор, мора да ги остави пострана непочитувачките и неприфатливи тонови кон Хамнеи и да престане да ги повредува милионите верни следбеници на Иран.
„Големиот и моќен ирански народ, кој му покажа на светот дека израелскиот режим нема избор освен да побегне кај “татичко” за да избегне уништување од нашите ракети, не прифаќа закани и навреди,“ порача Аракчи.
Тој додаде дека доколку илузиите доведат до сериозни грешки, Иран нема да se двоуми да ги покаже своите вистински способности, што ќе ја разбијат секоја заблуда за иранската моќ.
„Добрата волја раѓа добра волја, а почитта раѓа почит,“ заклучи Аракчи во својот јасен и цврст апел.