УТРО.мк

Николоски: Без урбанистички планови, становите во Скопје ќе надминат 5.000 евра за квадрат

Николоски: Без урбанистички планови, становите во Скопје ќе надминат 5.000 евра за квадрат
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски предупреди дека недонесувањето на детални урбанистички планови може сериозно да влијае врз растот на цените на становите во Скопје.

Тој истакна дека без јасна и планирана урбанизација, пазарот на недвижности ќе продолжи да се соочува со ограничена понуда, што директно ќе доведе до дополнително поскапување. Според него, доколку оваа пракса продолжи, цените може да достигнат и над 5.000 евра за метар квадратен.

„Јас ви гарантирам дека доколку продолжи да не се носат детални урбанистички планови, цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен. Лесно е некој да каже – нека си живеат во нивните градови, но реалноста е дека луѓето сакаат да живеат во Скопје. Ако доаѓаат тука, мора да имаат што да купат. Во спротивно, становите ќе ги купуваат само оние со најмногу пари, што ќе го наруши животот на граѓаните кои веќе живеат тука“, изјави Николоски.

Тој потенцира дека урбанистичкото планирање не е само административна процедура, туку клучен фактор што влијае врз достапноста на домувањето и квалитетот на живот во главниот град.

Изјавата доаѓа во време кога цените на становите во Скопје бележат значителен раст, а граѓаните сѐ почесто се соочуваат со ограничена понуда и зголемен финансиски притисок при купување недвижности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран