УТРО.мк

Трагедија во Турција: Тешка автобуска несреќа голем број загинати и повредени

Трагедија во Турција: Тешка автобуска несреќа голем број загинати и повредени
Vero

Пет лица го загубија животот, а 14 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава во близина на Анкара, кога патнички автобус удрил во потпорен столб на надвозник.

Според информациите објавени од турскиот медиум ТРТ Хабер, несреќата се случила во населбата Сарај, во близина на селото Кахраманмарас. Од силината на ударот автобусот се превртел, при што е причинета голема материјална штета.

Градоначалникот на метрополитенската општина Анкара, Мансур Јавас, изјави дека веднаш по несреќата на терен биле испратени противпожарни и медицински екипи. Повредените патници биле транспортирани во најблиските болници за укажување лекарска помош.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран