
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ги пофали фудбалерите на Пелистер по победата над шампионот Шкендија со 2-1 во Тетово.
„Секој клуб минува низ криза, но важно е како реагира по таа криза. Да се победи шампионот Шкендија среде Тетово не се случува секој ден. Тоа го можат само најдобрите, најподготвените и оние кои цврсто чувствуваат припадност кон дресот“, истакна Коњановски.
Тој им упати честитки на фудбалерите на Пелистер, новиот стручен штаб и верната армија навивачи за извонредниот резултат.























