УТРО.мк

(ВИДЕО) Обид за бегство – Две лица фатени со рекордна количина дрога!

(ВИДЕО) Обид за бегство – Две лица фатени со рекордна количина дрога!
Vero

На 03.04.2026, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со САЕ Тигар, пресечоа транспорт на голема количина наркотична дрога на автопатот “Пријателство” кај Градско.

Се работи за патничко возило “сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, кое при обид да биде легитимирано, побегнало со голема брзина кон Градско. Возилото беше брзо пристигнато, а при прегледот пронајдени се четири црни торби со вкупно 65 кеси растителна материја, што тежи 65 килограми, како и два телефонски апарати.

Две лица, Ф.Н. (38) од Скопје и Ј.М. (55) од Кавадарци, се лишени од слобода и денеска ќе им биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“ по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Пронајдената дрога, по наредба на јавен обвинител, ќе биде предадена на Форензички испитувања при МВР за натамошна постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран