УТРО.мк

Родителите на загинатите во „Пулс“ сè уште бараат одговори за токсиколошките анализи

Родителите на загинатите во „Пулс“ сè уште бараат одговори за токсиколошките анализи
Vero

Родителите на загинатите во трагедијата „Пулс“ повторно излегоа со јавно барање до институциите, посочувајќи дека со месеци немаат одговор дали биле направени токсиколошки анализи кај нивните деца.

Во обраќањето пред Судот и Обвинителството во Кочани, кое го прочита Александар Наунов, татко на починато девојче, беше истакнато дека уште на 14 јануари 2026 година било поднесено официјално барање до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Барањето, како што нагласија, имало една цел – да се добие јасен одговор дали биле извршени анализи за присуство на цијанид или сродни токсични соединенија.

„Поминаа два месеци, а до денес нема никаков одговор. Побаравме и средба пред четири месеци, но освен едно општо ветување дека ќе бидеме дополнително повикани, ништо не се случи“, рече Наунов.

Тој потсети дека ова прашање било јавно поставено и минатата недела за време на маршот, но институциите и понатаму молчат.

Според него, дополнителна конфузија создава и одговорот од Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што било потврдено дека по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани бил изготвен вешт наод и мислење, но без конкретни информации дали е испитувано присуство на цијанид и какви се резултатите. Од таму, семејствата биле упатени повторно кон обвинителството и Судска медицина, од каде, како што велат, добиваат само молк.

„Ова е неприфатливо криење на информации. Имаме право на вистината и достоинство“, истакна Наунов.

Во меѓувреме, денеска се одржа и четириесеттиот „Марш за ангелите“, кој започна од Паркот на Револуцијата. Учесниците поминаа низ Трговскиот центар, се задржаа пред УЈП и Полициската станица, а завршното обраќање беше одржано пред Судот и Обвинителството.

Маршот заврши на истото место од каде што и започна, со порака дека борбата за вистината продолжува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран