
ФИФА повторно се најде на удар на критики откако вчера стартуваше отворената продажба на билети за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. За разлика од претходните фази, овој пат навивачите можешеа да купуваат билети без да учествуваат во лотарија или да бараат специјален пристап, но порталот на ФИФА не го издржа огромниот наплив, илјадници обиди завршија со часови чекање и низа технички проблеми.
Причината за незадоволство е новиот систем на динамично одредување цени, кој ФИФА го воведе за ова Светско првенство. Резултатот е драстичен раст на цените, дури и над оние од првата серија на билети во декември. Најскапиот билет за финалето, кој тогаш чинеше 8.680 долари, сега достигнува неверојатни 10.990 долари, што го прави финалниот меч најскапиот фудбалски натпревар во историјата. За споредба, билетите за финалето во Катар беа „само“ 1.604 долари.
Според најновата анкета на Би-би-си, цените на билетите за финалето се зголемени за 38,23% во однос на декемвриската серија. Исто така, поскапувањето не се однесува само на финалето. Најбараните натпревари, вклучително клучните нокаут-фази и дуелите на најпопуларните репрезентации, исто така забележаа значителен раст на цената.























