УТРО.мк

Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“

Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“
Vero

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски оцени дека првите чекори на јавниот обвинител Савески влеваат надеж дека тој би можел да се справи со наталожените проблеми во обвинителството, но предупреди дека пред него стојат три сериозни и краткорочни приоритети.

Како најважен предизвик, Дескоски ја посочува Кочанската трагедија, која ја нарекува национална траума за која мора да има правда. Сепак, тој изразува сомнеж дека актуелното обвинение, какво што е поставено, може да донесе вистинска правда, укажувајќи на проблеми со причинско-последичната врска и можен изостанок на лица кои би требало да бидат опфатени.

Вториот приоритет се однесува на расчистување со последиците од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по случајот со Катица Јанева. Според него, процесот веќе е започнат, но треба да продолжи со внимателни чекори и со отстранување на влијанијата од, како што наведува, компромитираниот систем.

Третиот предизвик е обвинението против докторот Жан Митрев, за кое Дескоски смета дека е нестабилно и дека јавниот обвинител треба јасно да се изјасни дали стои зад него. Во спротивно, предупредува дека постои ризик од негово паѓање на суд, што би значело и преземање одговорност.

„Јавноста е гладна за правда, а Савески е во позиција да одговори на тие очекувања“, порачува Дескоски во својата објава на социјалните мрежи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран