УТРО.мк

Дигитализација на високото образование: Три нови услуги за студентите

Дигитализација на високото образование: Три нови услуги за студентите
Vero

Дигитализацијата во високото образование е уште еден чекор понапред со воведувањето на три електронски услуги на националниот портал uslugi.gov.mk, наменети за дипломирани студенти, магистри/специјалисти и доктори на науки. Овие алатки, кои веќе се достапни за користење, претставуваат чекор кон целосно заокружување на електронските услуги во образовниот систем.

На промоцијата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека новите решенија значително го поедноставуваат административниот процес за студентите на сите нивоа на студии. Наместо досегашното пополнување кое одземало околу десет минути, сега формуларите се автоматски пополнети со постојни податоци, со што целата постапка се сведува на една до две минути.

Тој нагласи дека улогата на институциите е клучна за искористување на потенцијалот на платформата, додека Министерството ја обезбедува техничката основа. Воедно, посочи дека порталот бележи значителен раст – од почетните 1.400 услуги до околу 10.000 месечно, што говори за зголемената доверба и употреба од страна на граѓаните.

Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, потенцираше дека услугите се активни од 1 април и веќе придонесуваат за побрзо и поедноставно прибирање на податоци. Според него, дигиталниот пристап не само што ја намалува бирократијата, туку и овозможува институциите поефикасно да обработуваат информации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран