УТРО.мк

ЈКП Водовод Битола ги поттикнува младите да ја чуваат природата

ЈКП Водовод Битола ги поттикнува младите да ја чуваат природата
Vero

На 2 април 2026 година, во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола, се одржа едукативна работилница посветена на значењето на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола. Настанот е дел од интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кој учествуваат клубови од Турција, Северен Кипар и Бугарија.

Учениците се истакнаа со креативност преку рецитали, драматизации и презентации, испраќајќи силна порака за заштита на водните ресурси. Особен акцент беше ставен на стручните презентации на вработените од ЈКП Водовод Битола – технологот Лела Ацевска и инженерот Александар Велјановски. Тие го објаснија процесот на преработка и контрола на водата за пиење, како и новите инвестициски проекти на претпријатието.

ЈКП Водовод Битола со својата посветеност и поддршка на вакви настани, повторно покажа дека е лидер во едукацијата и заштитата на водните ресурси, инспирирајќи ја идната генерација да го чува највредниот природен ресурс.

Благодарност до сите учесници за енергијата и посветеноста на овој инспиративен настан.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран