
Стојанче Стоилов, некогашниот капитен на Вардар и член на стручниот штаб на Црвено-црните, од следната сезона ќе го преземе кормилото на тимот на Бутел. Тој ќе го наследи Горан Кузманоски, кој својата тренерска мисија ќе ја продолжи на интернационалната сцена, овојпат во Кипар.
Во меѓувреме, позитивни вести пристигнаа и од Битола. Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со својот клучен македонски пикер, Жарко Пешевски, за уште една сезона. Кружниот напаѓач останува дел од проектот што се темели на домашни репрезентативци, кои го обликуваат идниот лик на клубот.























