УТРО.мк

Димовски: Унгарија е докажан партнер, време е Македонија да ја засили соработката со Полска

Димовски: Унгарија е докажан партнер, време е Македонија да ја засили соработката со Полска
Vero

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма.


„Кај нас се политизира и партизира на ниво на пресконференции во партиите на дневно препукување на партиите“, рече Илија Димовски, запрашан за влијанието на изборите во Унгарија на земјите од Вишеградската група vis-à-vis Македонија.


Тој нагласи дека Македонија не треба да го доведува во прашање партнерството со земјите од Вишеградската група, потенцирајќи дека станува збор за држави кои долгорочно ѝ давале јасна поддршка на земјата.


„Не треба да дискутираме дали нас ни треба партнери во земјите од Вишеградската група. Тие се клучните држави кои што во последните 30 години најотворено, најдиректно, најјасно ни давале поддршка. Не станува збор само за Унгарија, станува збор и за Чешка, Словачка и Полска. За жал, јас би бил среќен кога и со другите три би имале иста соработка, особено со Полска која што станува чудовиште – економско и политичко, ќе биде една од првите три-четири водечки држави во Европа. А и таму е политичката атмосфера еднаква, како оваа во Унгарија. И таму нема левица, натпреварот е внатре во десницата. Претседателот е од едната десничарска партија, премиерот е од другата десничарска партија – како што и ќе биде во Унгарија дури и да изгуби Орбан. Тоа не треба да создава проблем во националните интереси на Македонија.“


Димовски потенцираше дека односите со Унгарија мора да се градат како долгорочна државна политика, независно од политичките промени во двете земји.


„Економската, политичката соработка која што се воспоставува со Унгарија во овие неколку години треба да биде надградувана и понатаму без разлика дали таму ќе се промени власта или без разлика дали тука ќе се промени власта. Доколку има сомнежи за одредени манипулации за кои најави господинот Жерновски дека ќе зборува, во ред – тука правам резерва и сето тоа треба да се разгледува, но не смееме дискусијата на оваа тема да ја сведеме на партиски препукувања. Дали денеска е добро Македонија да има партнер во Унгарија и Полска – да. Дали по пет години ќе биде добро Македонија да има партнер во истите две држави“, рече Димовски, на кое беше надополнет од водителот со „без разлика дали тој се вика Орбан или Маѓар“, на кое тој рече „Апсолутно. Дури и да се случи промена на власта во Унгарија, првата реакција од Македонија треба да биде честитка за победникот и јасни сигнали дека имаме намера да соработуваме со таа држава на исто ниво како и досега. И некогаш кога ќе се случи промена на власта и во Македонија, очекувам заради државни интереси а не ради партиски интереси, истиот однос да биде оттаму кон Македонија од Македонија кон таму.“


Во таа насока, тој посочи дека следниот чекор за македонската дипломатија треба да биде продлабочување на соработката со Полска, како растечка сила во Европа.


„Следна фаза за која треба ние да разговараме, јас сум ја зборел на други дебатни емисии дека треба нашата влада, нашата дипломатија, истата соработка што ја имаме со Унгарија, да се обиде да ја постигне и со Полска. Заради тоа што ние во последниве 35 години иако имаме релативно добри релации со неколку клучни држави во ЕУ, не најдовме држави кои ќе не поддржуваат отворено. А овие две држави дури и во еден суптилен проблем којшто го имавме со Грција во смисла на заземање на став спротивен на земја членка во ЕУ, партнер на Унгарија и партнер на Полска, ни ја заземаа нашата страна. Ние не смееме да влеземе во замката заради нашите лични несогласувања, политички пресметки, да напаѓаме држави кои постапиле во полза на Македонија во ситуација во која не морале да постапат.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран