УТРО.мк

Омерагиќ: Репрезентацијата е чувство, припадност и гордост – да бидеме заедно и во победи и во порази

Омерагиќ: Репрезентацијата е чувство, припадност и гордост – да бидеме заедно и во победи и во порази
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат.

„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост“, истакна Омерагиќ.

Тој нагласи дека поддршката треба да биде постојана, без разлика на исходот од натпреварите.

„Кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни. Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше – и кога победуваме и кога губиме“, порача претседателот на ФФМ.

Омерагиќ додаде дека Федерацијата ќе продолжи да создава услови за максимален фокус на стручниот штаб и фудбалерите.

„Ние, како федерација, создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив“, истакна тој.

Во своето обраќање, Омерагиќ ја потенцираше важноста од заедништвото, повикувајќи на обединување околу репрезентацијата.

„Останува најважното – да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние“, порача Омерагиќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран