
Италијанските здравствени власти потврдија нов алармантен, но засега неопасен настан: првиот европски случај на птичји грип H9N2 кај човек. Пациентот е младо момче кое неодамна се вратило од Африка и веднаш по враќањето во Ломбардија било хоспитализирано и сместено во изолација во болницата „Сан Жерардо“ во Монца.























