УТРО.мк

Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава

Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава
Vero

По повеќе од две децении, Македонија направи значаен чекор кон професионализација на внатрешната пловидба. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид објави дека за првпат ќе се овозможи полагање стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж во земјата.

„Кога бев назначен за министер за транспорт, веднаш се соочивме со проблемот што испитите до сега се полагаа исклучиво во странство. Тоа создаваше дополнително оптоварување за професионалците и влијаеше на безбедноста на пловниот сообраќај. Денеска можеме да кажеме дека првиот домашен испит е успешно завршен – издадени се сертификати за еден заповедник на брод со овластување за меѓународен пловен пат, осум заповедници за државен пловен пат, еден водач на палуба, шест морнари, а особено ми е драго што за првпат имаме женски капетан на брод. Ова е јасна порака дека оваа професија е достапна за сите“, истакна Николоски.

Министерот посочи дека за потребите на Капетанијата е набавен нов пловен објект, а пристаништата во Св. Наум и Охрид се реконструирани и ослободени за подобро функционирање. Тој најави и нови инфраструктурни проекти, вклучително и заеднички проект со општина Охрид за целосно уредување на градскиот кеј.

„Десет години никој не се зафати со овој проект, а последната интервенција на кејот е од 90-те години. Сега, заедно со општината, проектираме нов лик на кејот, со пристаништето пред хотел Палас за помали пловни објекти и старото градско пристаниште за поголеми бродови. На последната средба во Париз со УНЕСКО, добивме целосна поддршка за проектот – сите стандарди ќе бидат исполнети, а кејот ќе добие модерен и функционален изглед“, додаде Николоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран