
Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Truth Social упати нова остра порака до Иран, најавувајќи дека Техеран има уште 48 часа за деескалација, во спротивно ќе следуваат сериозни последици.
„Се сеќавате кога на Иран му дадов десет дена да постигне договор или да се отвори Ормускиот теснец? Времето истекува – уште 48 часа пред да им стигне пеколот“, напиша Трамп, додавајќи „Слава на Бога“.
Во изминатиот период, Трамп неколкупати јавно поставуваше рокови кон Техеран, комбинирајќи дипломатски притисок со директни закани за ескалација. Првично беше најавен рок од десет дена, кој подоцна беше скратен на 48 часа, со можност за воени удари врз клучната иранска инфраструктура, особено во енергетскиот сектор.
Американскиот претседател истакна дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги засилат воените активности доколку не се постигне договор, вклучително и напади врз економски цели од стратешко значење.























