
Експлозија се случила во петокот вечерта пред произраелски центар во Холандија, при што нема повредени лица, а причинета е само мала материјална штета, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во градот Нијкерк, пред објект управуван од организацијата Christians for Israel. Според полицијата, во моментот на експлозијата немало луѓе во објектот.
Истражните органи утврдиле дека непознато лице, облечено во црно, поставило експлозивна направа пред влезот, по што било упатено апел до сведоци да се јават со информации.
Од организацијата изразија шок и загриженост, оценувајќи дека инцидентот е дел од поширок тренд на напади насочени кон еврејски и произраелски цели во регионот. Тие посочија дека иако штетата е ограничена, влијанието е значително, особено поради тоа што се случил во пресрет на Велигден.
Полицијата соопшти дека е прерано да се утврди мотивот за нападот, додавајќи дека истрагата е во тек и засега нема приведени лица.
Овој случај доаѓа по серија слични инциденти во повеќе европски земји, вклучително и Лондон, Антверпен, Лиеж и Ротердам, што ја зголеми загриженоста за безбедноста на еврејските заедници по ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток.























