УТРО.мк

Физички напад и закани со оружје во Тетовско – Полицијата интервенирала

Физички напад и закани со оружје во Тетовско – Полицијата интервенирала
Vero

На 5 ноември 2025 година, во 19:55 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишија од слобода Џ.Б. (37) од село Желино, тетовско. Според пријавеното, околу 17:15 часот истиот ден, тој заедно со уште неколку лица физички ги нападнале Б.И. (33) и неговиот татко И.И. (53) од село Стриминица, додека тие извршувале работни задачи на регионалниот пат Желино-Скопје.

При нападот, дел од сторителите им се заканиле со огнено оружје и метални предмети. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на останатите учесници во инцидентот и за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува поднесување соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран