Директор на државна агенција, именуван од актуелната власт, попладнево е приведен под сомнение за примање поткуп. И.С., кој раководел со државна платежна агенција, е центар на голема истрага за коруптивни дела, која се спроведува под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК.
Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК заедно со единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата. Од Обвинителството и МВР потврдуваат дека акцијата е дел од истрага за основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Полициските службеници под раководство на јавен обвинител продолжуваат со претресите, додека официјална потврда за приведувањето сè уште не е објавена.























