Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единици на МВР во моментов вршат претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата се спроведува поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Неофицијално, директор на една државна агенција именуван од актуелната власт, И.С., кој раководел со државна платежна агенција, е приведен под сомнение за примање поткуп, дознава Expres.
Сè уште нема официјална потврда од надлежните институции, но како што наведуваат од Обвинителството и МВР, акцијата е во тек и повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.























