Во раните утрински часови на 6 ноември 2025 година, на СВР Скопје е пријавено дека во гаража на семејната куќа на Е.Р. на Бит Пазар е поставена бомба. Сопственикот на возилото моментално престојува во Италија, а по кратко време добил порака со закана и известување дека неговото возило е бомбирано.
Полициски службеници излегле на терен и кај возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена експлозивна направа М75, врзана со жица на рачката на возачката врата.
Дополнително, при преглед на друго возило „фиат“ со италијански регистарски ознаки, сопственост на братот на Е.Р., А.Е., пронајдена е кутија со 100 куршуми калибар 7,62 мм за автоматско оружје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, додека истрагата е во тек.























