УТРО.мк

Албанија: Специјалното обвинителство запленило огромен имот од криминал

Албанија: Специјалното обвинителство запленило огромен имот од криминал
Vero

Шефот на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, соопшти дека од 2020 година досега е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари.

– Од 2020 до 2024 година вредноста на конфискуваниот и запленетиот имот изнесуваше 230 милиони евра, а денеска таа надминува 300 милиони евра, изјави Думани за албанската државна телевизија, додавајќи дека дел од „валканите пари“ се инвестирани во туризмот.

Думани посочи дека Специјалното обвинителство ја зголемило активноста во истрагите против перење пари, со повеќе кривични постапки, обвинети лица и конфискуван имот.

Во врска со одлуката на Уставниот суд за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, дека може да се врати на должност иако е во затворски притвор, Думани рече дека тоа нема влијание врз истрагите на СПАК. Тој нагласи дека судот е надлежен да одлучува за мерките притвор согласно Законот за кривична постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран