Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони и цистерни кои ќе работат на расчистување на улиците, парковите и јавните површини низ сите општини.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека целта е метрополата да ја врати свежината и достоинствениот изглед.

– Секој агол, секоја улица и секој плоштад ќе бидат опфатени со оваа акција. Скопје ќе блесне уредено и чисто, онака како што заслужуваат граѓаните, изјави Ѓорѓиевски.

Акцијата се спроведува координирано со општинските служби и поддршка од повеќе комунални тимови, како дел од најавените мерки за подигнување на стандардот на одржување на јавната хигиена во градот.
























