ЈПКР „Услуга“ Берово информира дека употребата на водата од јавниот водовод е забранета за пиење и готвење, откако лабораториските анализи откриле зголемена концентрација на манган, што не ги исполнува стандардите за вода за пиење.
Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 на 6 ноември 2025 година, со кое се дозволува водата да се користи само како техничка.
Општината апелира до граѓаните да ја користат водата исклучиво за технички цели додека не се извршат сите потребни мерки за преработка и прочистување и додека лабораториските анализи не потврдат дека водата е безбедна за пиење.
ЈПКР „Услуга“ е задолжено да преземе итни активности за усогласување на квалитетот на водата со прописите, а граѓаните ќе бидат информирани веднаш по добивањето на потврдените резултати.























