УТРО.мк

Електричар откри како да ја намалите сметката за струја

Електричар откри како да ја намалите сметката за струја
Vero

Прашањето дали е поефтино бојлерот да работи постојано или само по потреба е познато на сите. Стручњак за куќни апарати објаснува дека не е точно дека постојаното работење е поекономично. Напротив, кај повеќето домаќинства тоа само ја зголемува сметката за струја.

За самци и парови, најдобро е бојлерот да се вклучи по потреба, на пример еден час пред туширање. Кај поголеми семејства, каде што топлата вода се користи во текот на целиот ден, практично е бојлерот да остане вклучен, но со внимателно поставен термостат.

Стручњакот нагласува дека температурата на бојлерот треба да се постави на 55–60°C. Под 55°C не се создава каменец, што значи помало оптеретување за грејачот, додека постојаната висока температура од 90°C забрзува создавањето на каменецот, особено во региони со тврдa вода.

Овој „златен трик“ не само што ја намалува потрошувачката на електрична енергија, туку и го продолжува животниот век на бојлерот, што долгорочно значи значителна финансиска заштеда.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран