УТРО.мк

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“
Vero

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорностпосветена на превенција на детската дебелина

Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во производството на здрава храна за сите генерации, ја започна уникатната општествено одговорна иницијатива „Здрава исхрана од мали нозе“, со цел превенција на детската дебелина и подигање на свеста за значењето на правилната исхрана од најрана возраст.

Раната едукација – клучна за долгорочно здравје

Платформата е осмислена како одговор на сериозните здравствени предизвици на денешницата, со фокус на едукација на родителите и стручњаците, но и создавање на долгорочна промена преку знаење, превенција и одговорност. Според извештајот на Светската здравствена организација, секое трето дете во Европа има вишок килограми или е со прекумерна тежина, а слична статистика се бележи и во Србија и регионот. Според податоците на Републичкиот завод за статистика и Институтот Батут, речиси 13% од децата на возраст од 5 до 14 години се дебели, 16,6% се со прекумерна тежина, а проекциите покажуваат дека до 2030 година повеќе од 18% од децата на возраст од 5 до 19 години ќе имаат проблем со дебелина.

Брендот Nutrino за поздрави генерации на деца

Истражувањата покажуваат дека навиките во исхраната се формираат до петтата година од животот, што ја прави раната едукација клучна за долгорочното здравје. Токму затоа, преку оваа сеопфатна иницијатива за општествена одговорност, брендот Нутрино за првпат во Србија ги поврзува стручната јавност и родителите, преку заедничко делување кон поздраво растење на идните генерации, со поддршка на групацијата Нелт.

По тој повод, денес во Сава центарот беа организирани два стручни панела — „Превенција на дебелината кај децата: значењето на првите 1000 дена“ и „Од првата кашичка до здрави навики: како сите заедно градиме здрава генерација“, како и стручно предавање на тема „Јавно-здравствена перспектива на проблемот со прекумерната телесна тежина и дебелината“, одржано од д-р Драгана Атанасијевиќ, специјалист по социјална медицина, MSc.

Поддршка од стручњаци во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора преку панели и тркалезни маси

На првиот панел, „Превенција на дебелината кај децата: значењето на првите 1000 дена“, д-р Душанка Новосел, проф. д-р Аспазија Софијанова и прим. д-р Снежана Лешовиќ зборуваа за клучното значење на раниот развој, правилната исхрана и поддршката на родителите при формирање на здрави навики од најраната возраст.

Марина Булут, извршна директорка на Бејби Фуд Фактори, д-р Иван Миловановиќ, проф. д-р Снијежана Хасанбеговиќ и д-р Драгана Атанасијевиќ беа учесници на вториот панел, „Од првата кашичка до здрави навики: како сите заедно градиме здрава генерација“, на кој се разговараше за соработката меѓу стручњаците, производителите и институциите во заедничката цел – создавање поздрави генерации и менување на загрижувачката статистика за детската дебелина.

Извршната директорка на компанијата BFF, Марина Булут, ја истакна важноста на заедничкото делување: „Овие бројки се повик за акција. Како лидер на пазарот на детска храна, Нутрино има позиција да биде двигател на позитивни промени во исхраната на најмладите и да ги постави темелите на здравите навики уште од најрана возраст. Превенцијата на детската дебелина мора да стане заеднички приоритет — не само на родителите и здравствените работници, туку и на сите општествено одговорни компании. Веруваме дека знаењето, поддршката и навремената едукација можат да направат вистинска разлика во животите на децата. Со оваа иницијатива започнуваме ново поглавје од нашата мисија — да го поттикнеме воведувањето на здрави навики, да ја поврземе науката и заедницата и да придонесеме за иднина во која секое дете расте здраво, силно и среќно.“

Нутрино како сојузник во растењето на здравата генерација

CSR иницијативата на Нутрино, „Здрава исхрана од мали нозе“, претставува чекор кон поздраво општество и долгорочна промена што ги надминува границите на пазарната комуникација и се темели на доверба, знаење и вистинска поддршка на заедницата. Како пионер во ваквиот пристап, компанијата Baby Food Factory и брендот Нутрино поставуваат нови стандарди на општествено одговорно дејствување, ставајќи го здравјето на децата, преку систематска и континуирана едукација, во прв план.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран