Како да ја откриете и решите влагата во домот
Проблемот со влага на ѕидовите може да предизвика штета и здравствени проблеми, но постои едноставен трик со алуминиумска фолија.
Залепете парче фолија на ѕидот и оставете го неколку дена. Ако кондензацијата се собира од страната што ја допира ѕидот, причината е во конструкцијата. Ако е од внатрешната страна, причината е кондензација на воздухот.
Овој метод е особено корисен во зимските месеци, а фолијата дополнително делува како топлотна и парна бариера, го намалува продорот на влага и ја подобрува енергетската ефикасност на домот.























