Ретрограден Јупитер во Рак: Враќање кон минатото
Јупитер ќе започне ретрограден во Рак на 15 ноември, влијаејќи најмногу на Ракови, Овни, Јарци и Ваги. Овој период носи преиспитување на емоции, семејни односи и внатрешна сигурност, како и враќање кон потиснати чувства и стари сеќавања.
Носталгијата и желбата да се поправат односи можат да бидат силни. Интуицијата и соништата носат важни пораки, а фокусот е на емотивно, а не материјално исполнување. Периодот исто така поттикнува преиспитување на верата во себе и личниот раст преку прошка и прифаќање на она што сме.
Ретроградниот Јупитер во Рак ќе трае до 11 март 2026 година.























